НБА: Феникс на чекор до титулата на Западот

Кошаркарите на Феникс Санс како гости ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 84:80 во четвртиот дуел од финалето на доигрувањето на Западната конференција на НБА лига, поведувајќи со 3-1 во серијата до четири победи.

Најдоба играч кај Санс беше центарот Деандре Ејтон кој постигна 19 коша, со дури 22 скокови и четири блокади. Крис Пол додаде 18 поени со 7 асистении, но ги реализираше клучните слободни фрлања во завршницата на мечот. Најдобар стрелец, пак, беше Девин Букер со 25 коша, но имаше слаб шут со 8 реализации од 22 обиди, а поради шеста лична грешка не ја одигра последната минута на натрпеварот.

Клипер беа предводени од Пол Џорџ кој впиша 26 коша, 16 скокови и 6 асистенции, но тој во фунишот повторно промашуваше од линијата за слободни фрлања. Реџи Џексон го следеше со 20 поени.

Ова беше дуел со интересна завршница, во кој домашните Клиперс ниеднаш не беа во водство, а Санс на почетокот од третата четвртина имаа предност од 16 поени (52:36). Но Клиперс до крајот на рретата четвртина успеаја да го намалат заостанување на само три поени.

Во извонредно неефикасната последна делница од мечот (15:14), речи четири минути резултатот не се поместуваше од 71:70 за Санс. Решавачкиот момент се случи на 6,3 секунди пред крајот, кога Пол Џорџ при водство на гостите од 81:78 го промаши првото слободно фрлање, а потоа намерно и второто за неговите играчи да дојдат до топката, што и се случи.

Дарио Шариќ во борбата за топката направи прекршок над Демаркус Казинс кој го погоди првото и повторно се обиде намерно да го промаши второт слободно фрлање, не не го погоди ниту обрачот. До крајот Крис Пол реализираше три од четирите слободни фрлања на спротивната страна.

Само по два дена, ноќта кон вторникот во 3 часот по средноевропско време, Санс на својот паркет ќе имаат шанса да дојдат до третата конференциска титула во клупската истприја, по оние од 1976 и 1993 година.

Доколку ги мине Клиперс, екипата од Феникс ќе се пласира воедно и во третато големо финале на НБА лигата. Во претходните два настапа Санс беа поразени од Бостон Селтикс во 1976 со 2-4 во серијата, и од Чукаго Булс во 1993-та исто така со 2-4.