
На 26.06.2021 во периодот од 20 до 02 часот СВР Куманово спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што е констатирано дека 63 возачи управувале возило под дејство на алкохол. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбeдноста во сообраќајот.