Во неделата околу 11,35 часот во СВР Тетово 39-годишната А.С. пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И..
Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С..