Скопјанец во саботата вечерта останал без автомобилот кој бил сопственост на фирма, откако две засега неидентификувани лица со закана му го одземале возилото.
„На 27.06.2021 во 01,45 часот Џ.M.(39) од Скопје пријавил дека на 26.06.2021 околу 22,40 часот на подрачјето на Центар од две лица со закана со тврди предмети му било одземено патничко моторно возило “голф“ сопственост на правно лице“, се наведува во соопштението на СВР Скопје, и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.