Двегодишно дете е шестата жртва на торнадото во Чешка, во Белорусија загина жена

Бројот на жртвите од торнадото кое во четвртокот го погоди Јужноморавискиот регион на југоистокот од Чешка во неделата се зголеми на шест, додека малку пооисточна на европскиот континент најмалку една жртва однесе невремето кое ја зафати Белорусија.

Двегодишно девојченце во неделата починало од последици на повредените здобиени во невремето во Универзитетската болница во градот Брно, административниот центар на опустошениот регион, каде најмногу се настрадани областите на градовите Бжецлав и Ходонин.

Материјалната штета од торнадото во Јужна Моравија, според првичните процени изнесува најмалку 12 милијарди чешки круни, односно околу 471 милион евра. Оштетени се 1.200 станбени згради, од кои 70 веќе не моќат да бидат обновеми и ќе бидат урнати.

Телевизискиот канал CNN Prima NEWS објави дека торнадото кое го зафати југоистокот на Чешка било најразорното во Европа од 2001 година.

Во неделата, исто така, белоруските власти известија дека најмалкуи едно лице загинало а повеќе стотина села останале без електрична енергија поради бурата која ја зафати земјата изминатата ноќ.

Жена загинала во бурата во саботата ноќта кгоа на неа паднало стебло во село југозападно од главниот град Минск. Во медимските извештаи се наведува дека искорнати се многи стебла кои предизвикале штети чија висина се проценува.

Засега нема информации за други жртви.

На снимките емитувани на телевизиите, се гледаат поплавени улици во Минск, како и автобуси и автомобили кои се извлекуваат од водата. Пожарникарските екипи постојано работат и во неделата вечерта во расчистувањето на патишата и блокираните сообраќајници.