ВМРО-ДПМНЕ: „Врските“ се главна карта за вакцините на Филипче

Врските за вакцинирање главна карта за вакцините на Филипче кои доцнат. Граѓани чекаат со недели за да дојдат на ред, а други добиваат вакцини преку ред. Власта ги подели граѓаните на луѓе од прв ред и луѓе од втор ред. Луѓе од прв ред се луѓето од власта и тие добиваат се преку ред, а луѓе од втор ред се сите други, кои треба да чекаат да добијат се луѓето од власта, па за нив ако остане остане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека вакцинирани се луѓето подобни за власта, а за народот нема вакцини. Народот треба да чека за сите од власта да се извакцинираат, па за нив ако остане.

-Целиот процес на вакцинација почна со донирани вакцини. Првите 60тина илјади вакцини беа милостина на други држави и од КОВАКС системот, а потоа кога се потрошија народот одеше во Србија да се вакцинира, за на крај во последните три недели скоро и да снема вакцини, а процесот речеси запре. На Филипче му требаа 5 месеци за да почне со вакцинација и уште 2 месеци за да дојде до некоја нормална бројка на вакцини. Во тој временски период десетици илјади се заразија и стотици ги загубија своите животи. Заради неспособноста на Филипче народот страда. Време е да ставиме крај на лошите политики. Време е за Македонија за сите луѓе, се наведува во партиското соопштение.