овеќе од 10 милиони граѓани на Австралија се опфатени со некакви рестрикции за спречување на ширењето на ковид-19 поради појавата на делта-сојот.
Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите. И Западна Австралија претходно го врати во сила носењето маски во затворени простории.
Главните градови на Нов Јужен Велс (Сиднеј) и на Северната Територија (Дарвин), пак, за време на викендот воведоа нов карантин. Сиднеј, кој е најнаселен град во Австралија, регистрираше 128 случаи на делта-сојот, а ќе биде во карантин две недели.