Цел месец од појавата на опасната бактерија листерија која однесе три жртви, од кои едно новороденче, никој од повиканите институции како Институт за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарниот факултет, не ја алармираа јавноста за утврденото присуство на бактеријата од анализите направени во нивните лаборатории.
Од Институтот за јавно здравје одбија да дадат информација за името месните производители, кај кои била најдена бактеријата, со образложение дека анализите се’ уште се во тек, а конечните резултати би се знаеле в петок. Упатени извори за „Нетпрес“, информираа дека оваа бактерија е пронајдена кај производи на две домашни компании. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски, пак, вели дека во нивните анализи на мостри кои редовно ги прават на домашни и увозни производи, засега не била пронајдена оваа бактерија.
Листеријата како изолат од храна била регистрирана во три примероци минатата година и во три примероци оваа година. Ниту лани, ниту сега, надлежните институции кои ја контролираат храната, не ја алармираа јавноста за добиените резултати од овие анализи.
Смртниот исход на тројца од седумтемина заразени од листерија само последниов месец, веројатно е повод за преземање поригорозни истражувања за причинителот, чии резултати би требало да бидат познати до крајот на неделава.
„Деновиве се прават контроли кај фирмите во чии производи е откриена листеријата, дали ги уништил производите, дали ја известил Агенцијата за храна и ветерина, дали ги преработил или недај боже ги дистрибуирал. Строги казни ќе бидат преземни за сите“, вели вели Јованка Костова, раководител на превентивниот сектор при Министерството за здравство.
Сите пациенти кои се лекувале на Клиниката за инфективни заболувања се од различни делови на земјава – од Скопје, Македонски Брод, Гевгелија, Охрид и Кочани, но карактеристично е тоа што истражувањата покажале дека еден ист подтип е одговорен за сите случаи, што укажува на ист причинител.
Од петте лекувани на Инфективната клиника, двајца се починати, еден е на возраст од 59 години, а еден е 72 годишен. Од другите тројца, двајца се излекувани и пуштени дома, а еден пациент е во критична состојна. Детето што е на Педијатрија е со клиничка форма на сепса и е на интензивна нега.
Новороденчето кое почина е од Куманово, а последниот починат е од Македонски Брод.
„Од 2009 година сите земји добија задолжение да направат измени во законите со тоа што листеријата мора да се пријавува и од храна и кај заболени. Оттогаш наваму се изолира оваа бактерија. Министертсвоот за здравство на Агенцијата за храна и ветерина, им даде задача да се направат контроли во сите поголеми објеки за производство на месо и млечни производи, земени се дополнителни мостри за анализа. Државниот санитарен здравствен инспекторат е пратен во сите породилишта и неонатолшки одделенија да земе мостри од млекото за аналза. На сите пазари Агенцијата за храна и ветерина прати свои инспектори да ја прверуваат храната што се продава во несоодветни услови и таа храна да ја одзема. Ацијата ќе продолжи до крајот на неделата и тогаш ќе се знаат резултатите од анализата. Анализите напоредно се прават и во Институтот за јавно здравје и на Факултетот за ветерина“, вели Костова.
Лестериозата може многу тешки проблеми да нарави кај бремените жени , кај жената може да понине со леса клиничка слика, но може да остави последици кај плодот, да има мртвородено, предвремеродено или абортус. Токму таков е случајот со двете новородениња од кој што едното почина.
„Невообичаено за овој период од годината на Клиниката за инфективни болести се лекувани паиенти со тешки форми на засегање на ценралниот нервен систем од типот на менингоенцефалит. И во минатото се регистрирало ова, но сега имаме концентрација на повеќе случаи во кус временски период и етиолошка потврда. Овој пат се регистира случајна менингоенцефалит, со етиолошка потврда на листериј . Самото претставува аларм. Овој причинител ретко се утврдува во изолатите од ликвор и крв кај пациенти во Македонија, генерално кај старите лица, кај имуно компромитирани и кај пациенти со хронични заболувања. Малку е невообичаена возраста на пациентите, имаме, од 6 години, од 50, од 55, од 59, од 72, од 78 години. Изненадување е што во овој период од годината добиваме форми на пурулентен наместо серозен менингитис , но, етиолошката потврда на овие форми укажува на еден причинител за кој што е познато дека се пренесува најмногу преку храна“, вели директорот на Клиниката за инфективни болести, Звонко Миленковиќ.
Продукти кои се најчести причинители за ова заболување се млеко и млечни производи непастеризирани, сувомеснати и месни прозводи, морски плодови, риба и разни видови готови овошни и зеленчукови салати.