Владата дозволи организирање на свадби во затворен простор

Владата на денешната седница дозволи организирање на свадби на затворен простор, но со одредени протоколи и мерки, дознава ТВ21.

Според инфромациите на ТВ21 свадбите на затворено може да имаат максимум 250 гости, и објектот да не биде исполнет повеќе од 40% од капацитетот.

Ова е дополнително олабавување на мерките откако бројките на нови случаи со коронавирус во последниот период во земјава драстично паднаа.