Во Германија со крајот на јуни истекува пакетот мерки против пандемијата на коронавирусот, кој меѓу другото ја содржи и обврската работодавачите на своите вработени да им овозможат работење од дома, што работодавачите го позравуваат додека синдикатите и некои партии бараат трајно регулирање на оваа форма на работа.
Челникот на Сојузот на германските работодавачи, Штефан Кампетер, изрази задоволство што ќе дојде крајот на „непотребното мешање на политиката во работните процеси“. Ја повтори критиката од работодавачите кои остро се противеа на одредбата за задолжителната понуда за работење од дома, која владата ја воведе на почетокот од април минатата година.
„Работодавачите и самите, без наредбите одгоре, добри го регулира правилото за работење од дома секогаш кога тоа беше возможно“, рече Кампетер.
Истовремено синдикатите и некои партии бараат долготрајна законска регулација на работењето од дома. Претседателот на Герменскиот сојуз на синдикатите (DGB), Рејнер Хофман, изјави дека последните месеци покажаа дека многу работиници посакуваат „здрава мешавина од работа на работното место и можноста за мобилен труд“.
„Нам ни се потребни јасни правила кои би го оневозможувале и негативните страни од работењето од дома, како што се прекувремените часови и неплатениот труд“, изјави Хофман.
Долготрајните прописи за работа од дома ги поддржува Социјалдемократската партија на Германија (SPD), но не и поголемиот коалициски парнер во владата конзервативната на демохристијаните CDU/CSU. Опозициската партија Зелени, пак, смета дека укинувањето на обврската за работа од дома во моентов на ширењето на делта варијантата на коронавирусот е „неодговорно“.
Една студија на здравственото осигурување DAK покажала дека во најнаселената сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија 57 отсто од вработените сакаат можност од комбинирае на ранотата на работното место и од дома. Како најголема предност на оваа комбинација, испитаниците го наведуваат штедењето на времето за пат до работното место и до домот, како и подобрата можност од комбинирање на работниот и семејниот живот.