Израел им порача на соседите „Ние ќе останеме тука“

Новиот израелски министер за надворешни работи Јаир Лапид ја инаугурираше во вторникот израелската амбасада во Обединетите Арапски Емирати порачувајќи му на целиот блоскоисточен регион „Ние ќе останеме тука“.

Во текот на дводневната посета, првата на Емиратите на кој и да е израелски министер од нормализирањето на односите и воспоставувањето на дипломатските односи минатата година, Јаир Лапид би требало да го инаугурира и конзулатот во Дубаи и да потпиша билатерални договори за економската соработка.

Неговата посета претставува нова можност за новата израелска влада на Нафтали Бенет, шареноликата коалиција која стапи на должноста пред две месеца, да ги направи првите дипломатски пробиви.

„Израел сака мир со своите соседи, со сите своите соседи. Никогаш нема да си заминеме. Блискиот исток ќе остане нашиот дом. Ние ќе останем тука. Ги повикуваме сите земји во регионот тоа да го сфатат“, рекол Лапид во текто на свеченото отворање на привремената канцеларија на амбасадата во облакодер во Абу Даби, покажуваат транскриптите од говорот кои ги цитира агенцијата Reuters.

Поттикнати од стравовите од шиитски Иран, суниските Обединети Арапски Емирати и Бахреинн минатата година по инсистирање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа потпишаа договор за нормализација на односите со Израел, со тогашниот израелски премеир Бенјамнин Нетанјаху. Подоцна овој ткн „Абрахамов договор“и Судан и во декември со Мароко и тоа беа првите договори за нормализација на односите меѓу Арапите и Израелците од прогласувањето на еврејската држава во 1948 година.

Обединетите Арапски Емирарати, исто така, претходно во јуни ја отворија својата амбасада во Израел, која привремено се наоѓа во зградата на берзата во Тел Авив.

Лапид не заборавил да му се заблагодари на поранешниот израелски премиер Бејамин Нетанјаху како „архитектот на Абрахамовиот договор“. „Овој момент е негов ништо помалку отколку што е нас“, рекол Лапид.

Им се заблагодари и на Трамп и на сегашниот американски претседател Џо Бајден, кој вети дека ќе го зголеми бројот на арапските и муслиманските земји кои го признаваат Изрел.

Израел претходно имаше мировни договори со Египет потпишан во 1979 година, а со Јордан во 1994 година. Со Турција, пак, децениската многу тесна воена и економска соработка беше урната во 2010 година откако израелските командоси убија десет турски активисти од „Флотилата на слободата“ чии бродови се обидуваа да ја пробијат поморската блокада на Газа.