Франција веројатно ќе има четврти бран на коронавирусот

Франција веројатно ќе доживее четврти бран на Covid-19, поради повторната појава на случаи на коронаинфекции предизвикани од делта варијантата на коронавирусот, првично идентификуван во Индија, изјави водечкиот научен советник на француската влада, професорот Жан-Франсоа Делфрези.

Сепак, Делфрези во средата додаде дека воведувањето на вакцините против Covid-19 ќе помогне да се ублажи едектот од овој нов бран на вирусот, за кој многумина здравствени експерти мислат дека би можел да ја погоди Франција во периодот околу септември или октомври.

„Мислам дека ќе имаме четврти бран, но ќе биде многу поумерен од претходните три брана, бидејќи нивото на вакцинирањето е поинакво отколку претходно“, изјави Делфрези.

Францускиот епидемиолог Арно Фонтане, кој исто така е советник на француската влада за научни прашања, изјви во средата за теелвизијата BFM TV дека очекува дека бројот на заразените со Covid-19 во земјата ќе се зголеми исто така во септември или октомври.

Министерот за здравство Оливие Веран изјави претходно седмицава дела делта варијантата на вирусот, поради чиешто брзо ширење во светот некои земји повторно воведоа ограничувања за патувањата, сега претставува околу 20 отсто од сите нови случаи на коронаинфекции во Франција.