На денешната седница на советнички прашања на градот Скопје, советничката Ирена Мишева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија постави прашање за континуираното одржување на онлајн седници на советот на градот во услови кога има целосно олабавување на ковид мерките во државата. Тоа е еден од начините да се избегне соочување со опозицијата и нејзините ставови, а самата ковид криза се злоупотребува од страна на градот за одржување на онлајн седници во ситуација кога ниту една друга институција повеќе не одржува таков вид на седница, истакна Мишева.
Воедно советничката Ирена Мишева посочи дека градоначалникот не го исполнил своето ветување за нова зграда на гимназијата Кочо Рацин во Општината Ѓорче Петров при што наставата се одржува во едни руинирани услови и дотраена зграда. После 4 години не се има започнато со градба на објект кој беше ветуван, а сега најавите дека ќе се започне со градба на новиот објект се само гол популизам пред изборите.
Мишева воедно го потсети градоначалникот Шилегов дека нема ништо ниту од пречистителната станица која ја ветуваше за прочистување на отпадните води на реката Вардар. Ако се сака зачувување на животна средина, владата се бори за воведување на еколошка такса за горивата, во исто време градот не гради пречистителна станица која ќе го зачува еколошкото опкружување на градот Скопје.