
По добиените известувања од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
на ден 01.07.2021 година (четврток) :
- од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пушкинова бр. 4. ( Oпштина Кисела Вода )
- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 163, 164, 165 и Хусеин Бајрам во нас. Крњево. ( Општина Центар )
- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Демир Трајко и Његошева. ( Општина Карпош )
на ден 02.07.2021 година (петок) :
- од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од делови од улиците: Коста Новаковиќ и Методија Шаторов – Шарло. (Општина Аеродром )
на ден 01.07.2021 година ( четврток ) :
- Заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Среќко Пужалка бб, од 08:30 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од улицата Среќко Пужалка и нас. Товарник. ( Општина Гази Баба )
- Заради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Виктор Иго бр. 31 , од 09:00 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Драга Стојановска и Дренак. ( Општина Кисела Вода )