
Утрово високиа концентрација на ПМ10 честичките се измерени низ цела Македонија, посебно воздухот е загаден во Велес и во Битола па дури и во Лазарополе.
Од О2 Иницијатива појаснија дека иако прашината од Сахара е дел од објаснувањето зошто имаме вака високи вредности, сепак, вината треба да се бара и во локалните загадувачи и дека „чадојната во воздухот е наша“.
-Ние испративме претставки до општина Карпош, Аеродром, Гази Баба и инспекторат на град Скопје и барања за инспекциски надзор, 24ч патролирање на терен и конечно оградување на Вардариште и воведување на редарска служба 24ч. Претставка е испратена и до општина Охрид и нејзината инспекциска служба, зошто и таму воздухот е зачаден, особено во вечерните/ноќните и утрински часови.
Затоа, апел до надлежните, немојте да излезете со објаснување дека ваквиов воздух се должи на донесената прашина од Сахара, односно не е до нас. Да си објасните локалното загадување, чадојте и што преземате да спречите и понатаму да не дишеме токсични чадој во лето, соопштија пред неколку дена од Граѓанската иницијатива.