
Светската здравствена организација денеска соопшти дека заврши периодот на двомесечно континуирано намалување на случаите со коронавирус во Европа, предупредувајќи дека ќе има нов бран „доколку не останеме дисциплинирани“.
– Минатата недела, бројот на случаи се зголеми за 10 проценти како резултат на зголеменото мешање, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, рече на прес-конференција регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге – пренесуваат француските медиуми.