Мицкоски: Бев во право кога кажав дека струјата ќе поскапи, да се намали ДДВ-то и за индустријата

Поскапувањето на струјата и новите даноци, како и за плановите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојниот период и локалните избори, беа некои од темите на кои се осврна лидерот на опозиција Христијан Мицкоски во текот на гостувањето во четвртокот во централниот дневник на телевизија Сител.

Мицкоски потенцираше дека одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е 5,36 за киловат час струја, а изминатиот период беше 4,70 денари, тоа значи дека она што беше прогнозирано во однос на поскапувањето на електричната енергија за 15 отсто делумно се оствари, не се 15 отсто, но се малку повеќе од 12 отсто. Не е во ред во време на светска економска и здравствена криза да удирате по џебот на народот, а истовремено да оставате стотици семејства без работа и егзистенција“, рече Мицкоски.

„На дебатата со РКЕ во однос на поскапувањето, претставниците на РКЕ беа на ставот дека тие не донесуваат одлуки, туку се под капата на Владата. Тогаш тоа значи дека немаме регулаторна комисија, туку дека власта на чело со Заев кажува и кога ќе поевтини и кога ќе поскапи електричната енергија. Во однос на набавката и плаќањето на електричната енергија, власта дополнително ја втурнува државата во загуба од 4 милиони евра. Заев треба да знае дека тие пари не се негови за така да донесува одлуки, туку пари на граѓаните, вели Мицкоски.

-Секогаш кога ќе се направи нова буџетска дупка, претставниците на власта и Ковачевски ќе кажат дека потребната сума ќе се покрие од буџетот на државата. Државата нема посебен буџет од оној кој го полнат граѓаните, а тоа значи дека таквите паушални одговори само ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните кои се осиромашени од секаков аспект“, додаде Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ при посетата во Битола елаборираше план како да не се почувствува зголемувањето на цената на електричната енергија, а тоа е возможно само со намалувањето на основната ставка на ДДВ со што ќе се намали товарот на граѓаните. Власта во Собранието предложи закон за намалување на ДДВ-то на домаќинството, но предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не беше само за тоа, туку да биде и за индустријата“, истакна Мицкоски.

„Ќе се изработи нов амандман во однос на намалувањето на ДДВ кој власта ќе треба да го прифати, поради тоа што ќе се олесни ситуацијата и на обичните граѓани и на индустријата. Иако власта по одреден период ќе сака повторно да го укине тој закон, сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори тоа да остане и по изборите, а не само сега кога власта се надева на некој политички поен повеќе“, заврши Мицкоски.