Документите прикажуваат дека за минатата 2020 година пресметковната единица изнесувала 4,7, додека за тековната 2021-ва е 5,36, што укажува на тоа дека цената на електричната енергрија се зголемила за повеќе од 12 отсто.
Претходно во четвртокот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител истакна дека одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е 5,36 за киловат час струја, а изминатиот период беше 4,70 денари. Тоа, како што посочи Мицкоски чиј фах е електричната енергија, тоа значи дека она што беше прогнозирано во однос на поскапувањето на електричната енергија за 15 отсто делумно се остварило и дека сепак станува збор за раст на цената за малку повеќе од 12 отсто.