Трипуновски: Пари за луксуз има, ама пари за земјоделците нема

Крајниот рок за исплата на субвенциите за 2020 година, но и за субвенциите од сите претходни години кои не се исплатени беше 30-ти јуни оваа година. Денеска сме први јули, абер нема од исплата на субвенцииите, истакна на денешната прес-конференција во „коментар на денот“ Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Трипуновски:

Кога велиме дека Заев ги подели луѓето на граѓани од прв и граѓани од втор ред, длабоко на дното од вториот ред се земјоделците во Република Македонија.

Крајниот рок за исплата на субвенциите за 2020 година, но и за субвенциите од сите претходни години кои не се исплатени беше 30-ти јуни оваа година. Денеска сме први јули, абер нема од исплата на субвенцииите.

Субвенции чекаат сите категории на земјоделци, нема гранка која не чека субвенции за да преживеат, да ги платат трошоците по земјоделски аптеки и да го прехранат семејството.

Пари за луксуз има. Пари за скапи возила има. Пари за луѓето кои ја хранат нацијата нема. Тоа е Заев, тоа е СДСМ.

И покрај тоа што нема субвенциите и маката со којашто се соочуваат земјоделците. Заев воведува кризен данок, кој си го нарекува зелена такса, а кој ќе ги зголеми производните трошоци на сите земјоделци.

Наместо да ни ги олесни условите, наместо да ги исплати субвенции, Заев уште толку ги влошува условите и го отежнува животот на земјоделците во Република Македонија.

4.13 денари плус за секој литар гориво е удар по џебот на земјоделците. Тоа е удар по луѓето кои на ова топло време се по цел ден на нива, за да го прехранат семејството и да произведат храна за нацијата.

 Време е да се стави крај на поделбите на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Време е за Македонија за сите луѓе!, рече Трипуновски.