![Ryan-Bertrand](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/Ryan-Bertrand.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Поранешниот лев бек на Саутемптон, 31-годишниот Рајан Бертранд потпиша двегодишен договор со Лестер Сити со опција за продолжувае на уште една сезона, откако на 30-ти јуни му истече договорот со „Светците“, објавуваат во петокот медиумите на Островот.
Така Бертранд повторно ќе соработува со менаџерот на Лестер, Берендон Роџерс, кој го водеше додека беше во младинскиот погон на лондонски Челзи. Но, играчот во Челзи никогаш не доби вистинска можност, па се селеше на позајмувања во Борнмут, Олдхем Атлетик, Норич, Ридинг, Нотингем Форест и Астон Вила, за последните седум сезони да стане стандерден првотимец во Саутемптон за кого одигра 240 натпревари.
Бертранд за Лестер е второто засилување летово, откако од Ред Бул Салцбург за 27 милиони евра пристигна замбискиот голгетер 22-годишниот Патсон Дака, кој минатата сезона во 42 меча во сите натпреварување постигна 34 погодоци.