Со овие фотографии заработила милионче за само 48 часа

За 48 часа заработив нешто повеќе од милион долари, се пофали американската јутјуберка Корина Копф (25), која колегата Дејвид Добрик ја испрашуваше во видео за OnlyFans профилот што неодамна го отвори.

Овој модел и инфлуенсер има околу 5,8 милиони следбеници на Инстаграм, а минатиот месец таа реши да го „прошири својот бизнис“ и да отвори профил на каналот за возрасни.

Фановите, вели инфлуенсерката, и оставаат бакшиш од 100 долари, а таа не сакаше да открие колку може да заработи за еден месец.

Корина е активна на сите социјални мрежи, па неодамна на Твитер се пофали дека заработила нешто повеќе од 165 илјади долари со една фотографија од градите на „OnlyFans“.

– Ќе објавам што сакам и кога сакам. Ако не ви се допаѓа, слободно заминете, напиша таа.