
Шпанија предводена од Луис Енрике ја победи Швајцарија во пенал-серијата, по што во полуфиналето ја чекаат подобрата фудбалска репрезентација во вториот четвртфинален меч меѓу Белгија и Италија.
На средбата во Санкт Петербург, во регуларните 90 минути и во продолженијата од 30 минути немаше победник, па победникот го одлучија пеналите.
„Црвената фурија“ беше подобра со 3-1 во серијата во која беа промашени дури пет пенали од двете селекции.
Инаку, регуларниот дел и продолженијата донесоа два гола и црвен картон. Закарија во 8-мата минута си постигна автогол, а Шаќири во 68-мата минута го израмни резултатот на 1-1.
Швајцарците во 77-мата минута останаа без Фројлер, кој доби црвен картон, но оваа предност Шпанија не ја искористи, иако создаде неколку добри шанси.