21.8 C
Skopje
среда, октомври 30, 2024

Фуш реконструкција на кејот, секоја втора плочка е пукната

Шилегов секој ден докажува дека е непогода за Скопје. Последниот дострел на неговата неспособност е катастрофалната реконструкција на кејот, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Реконструкцијата на кејот чини 1,5 милиони евра, а е типичен пример за фушерај и неквалитет. Уште незавршена реконструкција, а веќе секоја втора плочка е пукната или оштетена и треба пак да се реконструира. Залудно платена скапа реконструкција. Шилегов очигледно само му е битно да направи некаков проект пред избори, па не го интересира ни скапата цена, ни очигледниот неквалитет.
Приказна за себе се бетонираните дрва на кејот, уште еден неславен дострел на Шилегов. Да бетонираш дрва, значи дека ти фали елементарна логика. Но барем фараонот Шилегов ќе остане запомнат во рубриката „верувале или не“ како единствениот градоначалник на кого му се случила ваква кардинална глупост – бетонирање дрва. Шилегов не асфалтира улици, ама бетонира дрва. Откако ги исече здравите дрва на „Орце Николов“ сега ги бетонираше тие на кејот, истакнуваат од опозицијата.

Доста е од Шилегов! 4 години Шилегов се 4 изгубени години за Скопје, додаваат од таму.