Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата.

-Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година – се вели во соопштението на министерството за здравство.

Следната недела ќе почне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо-образовните институции.