Албанец баран со француска потерница уапсен на граничниот премин кај Дебар

По извршена проверка во службена евиденција на граничниот премин Блато, од слобода е лишен албанскиот државјанин Ш.Ц. (33), откако било констатирано дека лицето е со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Франција

-Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица – Дебар за понатамошна постапка – се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.