Борците на радикалното исламистичко движење Талибан ја преземале контролата над најмалку 28 окружни центри во осум авганистански провинции изминатата седмица, драматично зајакнувајќи ја својата кампања во прерсрет на завршувањето на повлекување на американските трупи од земјата разорена од повеќедецениските војни.
Само во североисточната провинција Бадахшан, талибанските милитанти заземале најмалку 11 окрузи во текот на викендот, според тврдењето на локалните функционери.
Многу окрузи авганистанските безбедносни сили ги напуштиле без борба, соопштија членови на локалните совети. Според нив, безбедносните сили го загубиле моралот поради недоволната воздушна поддршка и резервите кои не можат навреме да бидат доставени до загрозените области.
Борбите кои се воделе во провинцијата Вадахшан се раселиле стотици семејства, додаваат ликалните власти.
Откако меѓународните сили започнаа со повлекувањето од Авганистан на почетокот од мај по 20-те години борбени дејствија во земјата, четвртина од сите окрузи се под контрола на талибаните.
Во петокот, сите меѓународни трупи ја напуштија воздухопловната база Баграм во округот на главниот град Кабул, најголемото американско воен упориште во Авганистан. Администрацијата во Вашингтон сака да го заврши повлекувањето својата војска до крајот на август.
Неодамнешните офанзиви на талибаните главно беа насочени кон северот на земјата. Според Авганистанската аналитичка мрежа, ткн „кабулски труст на мозоци“, нивната цел била да се спрочи создвање нивна опозиција на северот.
Во меѓувреме, талибаните ги освоиле териториите во локацијата на којашто беа создадени и вооружени со помош на Вашингтон и американските разузнавачки служби во времето на Советската инвазија во Авганистан во јужната провинција Кандахар и во југоисточната провинција Газни, според тамошните функционери.
Додека американските трупи се повлекуваат според договорот поптишан со политичките претставници на талибаните во катарска Доха пред две години, авганистанските безбедносни копнени сили верјатно ќе се соочат со сериозни проблеми поради немањето веќе поддршка од воздух. Авганистанските воздушни сили во текот на изминатите години беа обучувани, но и натаму не можат да изведуваат операциите како американските.