Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Времето во понеделникот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. В

о пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје и околината ќе виде променливо облачно, од пладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 32 Целзиусови степени.

Следните денови претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а максималните од 28 до 38 степени.