Спасувачките екипи извлекле мајка и нејзината ќерка новороденче од урнатините предузвикани од свлечиштетот во Атами, крајбрежниот град на 90 километри југозападно од јапонската престолнина Токио, објави телевизијата NHK.
Биле пронајдени во неделата во станбена заграда, чиј прв кат бил под слој земја и тиња. И мајката и ќеркичката се безбедни, и нивните животи не се загрозени, се додава во извештајот.
Вкупно 23 лица биле извлечени од под урнатините и наносите земја и кал, но една жена починала од здобиените повреди. Со тоа бројот на жртвите се зголемил на четири.
Според податоците на локалните власти, во најмногу погодената област на Атами живееле 215 лица, а до понеделникот е воспоставен контакт со половината од нив, а властите настојуваат да ја утврдат локацијата на уште 80 луѓе.
Силни дождови го погодија пацифичкиот брег на Јапонија, што предизвика во саботата утрото околу 10 часот по локално време лизгање на земјиштето во Атами. Во градот, кој е во префектурата Шизоука, уништени се околу 130 куќи, а во тек е операција на пребарување и спасување.