
Новопојавената антисистемска партија Има таков народ (ИТН) во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11-ти јули во анкетите е речиси израмнета со партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) од десниот центар, кој ја имаше власта речиси цела деценија, покажува истражувањето на јавното мнение од кое резултатите се објавени во понеделникот.
Партијата Има таков народ ја основаше популарниот телевизички шоумен Слави Трифонов, со ветување дека од политичката сцена ќе ги протера традиционалните политички партии и политичкиот естаблишмент кого го обвинува за тоа што Бугарија е најсиромашна и најкорумпирана членка на Европската унија.
Анкетата на софиската агенција „Маркет Линкс“ покажува дека поддршката за ИТН пораснала на 18,8 отсто, од 17,7 проценти колку што освои на изборите во април кои не дадоа јасен победник.
Со тоа, партијата на Трифонов има само 0,9 процентни поени заостанување зад ГЕРБ, чијашто популарноста кај избирачите дополнително падна минатиот месец откако САД воведоа санкции за тројца бугарски државјани за кои се верува дека се поврзани со партијата на поранешниот преиер Бојко Борисов.
ГЕРБ на априлските избори освои 26,2 отсто од гласовите, најмногу од сите партии, но недоволно да формира нова влада. Другите политички групации одбија да влезат во новата влада со партијата на Борисов.
Поради тоа изборите во неделата се одржуваат за да се разреши политичкиот застој, откако ниту ИТН не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.
ГЕРБ трпи и од обвиненијата дека во текот на минатогодишните против корупцијата биле прислушувани политичари и активисти, како ид ека без контрола на јавноста биле потрошени милијарди евра јавни пари за јавните набавки,
Поддршката за двете помали партии, потенцијалните коалициските партнери, исто така пораснла. Демократска Бугарија добива 12,5 отсто, а „Станете. Надвор со мафијата“ има 5,4 отсто поддршка.
Третата најпопуларна партија е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 16,9 отсто, а етничката турска ДПС има 9,9 отсто поддршка.
Слични распоред на силите кај бугарските политички партии покажува и испитувањето на агенцијата „Медијана“, кое покажува дека трите водечки партии се речиси израмнети.
Во моментов за коалицијата ГЕРБ/СДС има поддршка од 22,5 отсто, Има таков народ во оваа анкета има 21,7 отсто, БСП е со 20,6 отсто, ДПС има 11,1 , Демократска Бугарија 10 отсто, Исправи се! Надвор со мафијата е на 5,1 отсто, Бугарски патриоти со 4,8 отсто, додека другите партии и коалиции освојуваат околу 2 отсто или под тоа ниво.
Односно, според двете анкети, коалицијата на националистички партии кои беа коалициски партнери на ГЕРБ во минатата влада, нема да го минат изборниот праг.