ДУИ не ја прифаќа резолуцијатана на ВМРО-ДПМНЕ

Иако владејачката СДСМ даде зелено светло за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалициониот партнер во власта ДУИ не ја прифаќа резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија.

По средбите во Собранието, Алијанса на Албанците побара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за резолуцијата да се донесе со консензус.

Со Алтернатива дополнително ќе заземат став откако претходно за ова ќе дискутираат партиските тела.