Белорускиот претседател Александар Лукешенко се закани во вторникот дека ќе пушти голем број мигранти во Европската унија, а особено во Германија, како одговор на санкциите од Брисел против Белорусија за наводни спорни избори, насилно сузбивање на демонстрациите и затворање на опозициските активисти.
Лукашенко, исто така, ќе го забрани транзитот на стоки од Кина и од Русија, соопштено е на седницата на владата во вторникот. Белорускиот претседател додал и дека ќе ја пушти масата мигранти и бегалци од земјите како Авганистан, Сирија, и Ирак во соседните членки на Европската унија.
„Никого нема да запираме. Луѓето се на својот пат од воените зони во ‘топлата и пријатна Европа’, а и на Германија ѝ се потребни работнии“, рекол Лукашенко.
Истовремено белорускиот челник најавил дека повеќе нема да дозволува трансит на стоки низ Белорусија во Русија и Кина.
„Се сеќавата ли на Шкода, на Нивеа и другите? Им кажавме, благодариме и довидување!“, им рекол Лукашенко на своите министри.
Во првиот чекор затворен е белорускиот пазар, додал Лукашенко. Во вториот чекор, пак, ќе биде забранет протокот на стои низ земјата.
„Истото мора да се направи и со Германците. Пуштете ги да ги испорачуваат своите стоки во Русија и во Кина низ Финска. Или низ Украина, таму има добри рути, таму да ги достават своите стоки“, иронизирал Лукашенко.
Неговите потази следеа по низата санкции од ЕУ против Минск, поради задушувањето на ланските протести поради наводно лажираните претседателски избори на кои доминатни победи Лукашенко, а Брисел ја одби поканата на Белорусија да испрати свои набљудувачи правдајќи се со пандемијата, иако во други европски земји имаше такви мисии.
Но санкциите од ЕУ и САД, по неколкугодишните заладувања на односите меѓу Белорусија и Русија, го принудија Минск да се сврти повторно кон Москва, зголемувајќи ја својата финансиска зависност.