Станува збор за улицата „11 октомври“ во близина на основното училиште „Гоце Делчев“ како и истоимената детска градинка.
Прилеп е претворен во депонија, а денес родителите и децата кои живеат во близина на оваа улица заминаа да го тестираат своето здравје во прилепската болница и заводот за здравствена заштита што е на само 20-тина метри од оваа еколошка катастрофа, сведочат нашите извори.
Прилепчани очекуваат Јавното претпријатие Водовод да даде одговор што се случува со гадот и здравјето на граѓаните, а во меѓувреме случајот се актуелизира и на социјалните мрежи.