Јаневски: Додека националните интереси се во опасност власта си игра детски игри

Од власта прво ја одбија Резолуцијата, па потоа се сетија дека тоа не е баш паметно, но најдоа друга замка па ги пуштија помалите партии кои што рекоа да ќе ја подржиме ама ако биде под „Република Северна Македонија“, односно со новото уставно име. Кое ново уставно име, тоа е име е жив фалсификат. Се сетија дека всушност наместо тие да влетаат во замка, подобро е да направат свој вид на замка. Ова се детски игри од страна на власта, на луѓе коишто, за жал, ја водат оваа држава, рече Дарко Јаневски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Јаневски посочи додека на маса се национални прашања и идентитетот на Македонија и се во опасност, власта си игра детски игри.

„Имаме проблем дома, ние немаме проблем надвор бидејќи тие си ги бранат своите интереси, а оваа власт нашите интереси воопшто не ги брани. И поради тоа последицата е јасна“, појасни Јаневски.

Додаде дека премиерот Зоран Заев треба да излезе во јавност и нека објасни зошто не смее да напише или да каже Фудбалска федерација на Македонија.

„Античовечки, антидемокрастски, антицивилизациски е формирање на историски комисии. И сега Заев вели дека со Царовска дека они преку тие комисии ќе им ја претставеле на децата во учебниците историската вистина. Па, имаш човек кој што вели дека Господ го црпнал од нива, и ја имаш Царовска која делела перзентативи и тие луѓе на децата наши ќе им ја доловат историската вистина. Која историска вистина тие ќе ја доловат“, запраша Јаневски.

Рече дека не може Заев да одлучува дали Гоце Делчев е Македонец или не, зашто едноставно такво право нема.