Репрезентацијата на Аргентина ноќта кон средата во Бразилија ја победи Колумбија во второто полуфинале од Копа Америка, континенталното натпреварување пандан на Европското првенство.
Победникот беше решен по изведувањето пенали, откако основните 90 минути завршија без победник 1:1.
Најпрво резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 7 минута по асистенција од Лионел Меси, израмни Луис Дијаз во 60 минута.
Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа три гола, Колумбијците – два.
Аргентина во финалето на 11 јули ќе се соочи со домаќинот на турнирот Бразил, додека ден претходно, Колумбија за третото место ќе игра со Перу.