Од денес до 11 јули во Талин, Естонија ќе се одржи Европското првенство за атлетичари до 23 години.
Атлетската федерација на Македонија ќе има двајца претставници. Сенад Рамадани е пријавен на две трки, на 400 и на 200 метри.
Во Талин ќе биде и Леонид Вандески. Тој ќе настапи на 3.000 метри стиплчес.