
на Македонија се придружува на кампањата на Обединетите нации наречена „СИНО СРЦЕ“, која се стреми кон подигнување на свеста за проблемите и страдањата на жртвите на трговија со луѓе, објави на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој информира дека денеска се обратил на состанокот во рамки на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, на кој присуствувал и регионалниот координатор на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Бил Вуд.
– Како земја-членка, потписничка на Протоколот на Обединетите Нации за спречување, потиснување и казнување на трговија со луѓе, особено со жени и деца, нашата држава континуирано се залага на зајакнување на капацитетите, наоѓање на модуси, разменување на искуства преку учество во меѓународни форуми, со цел да се постигнат ефективни резултати во борбата против трговија со луѓе. Приклучувањето кон оваа глобална кампања за нашата земја ќе претставува уште една можност за вклучување во глобалните текови на превенција, јакнење на свеста, вмрежување, размена на искуства, заеднички активности со другите држави, со цел сите обединети да се спротивставиме на трговијата со луѓе, напиша Спасовски.
Министерот Спасовски на ФБ профилот напиша дека остануваме на патот да креираме политики, да бараме нови начини да бидеме поуспешни, да дејствуваме, повторно со една цел да бидеме поефективни во идентификувањето на жртвите, гонењето на сторителите и обезбедување подобра помош и заштита.
– Носете сино срце во себе!, објави Спасовски.