Богдановиќ ја потпиша дозволата за почеток на градењето на висококатницата кај „Холидеј ин“

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) можат да почнат со градење на првата од трите кули спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје.

Барањето за добивање градежна дозвола станало правосилно, односно потпишана е градежна дозвола од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, и сега инвеститорите немаат никакви пречки да почнат со градба.

Градоначалникот Саша Богдановиќ за „Сакам да кажам“ потврдил дека нема никакви пречки да се започната градежните работи на споменатата локација.

„Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно“, вели градоначалникот Богдановиќ.