ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и Алијанса по барање на Иницијатива О2 симнаа од дневен ред два закони за управување со отпад, СДСМ и ДУИ ја напуштија седницата

Денес на седницата на Комисијата за “Европски знаменца”, по барање на еколошките организации и групата О2, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и Алијанса гласаа (со 8 гласа ЗА : 7 гласа СДСМ и ДУИ беа против) да се симнат од дневен ред контраверзните предлог-закони:

– Закон за управување со отпад и;

– Закон за управување со пакување и отпад

Со образложение дека прво е потребна широка јавна дискусија на овие теми, а потоа изјаснување во Собранието.

-Пратениците од ДУИ и СДСМ нервозни дека беа надгласани, а се декларираат демек се “Зелени”, ја напуштија седницата на Комисијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.