
На последниот училиштен ден пред летниот одмор воз во кој имало многу деца и тинејџери излетал од шините и паднал во река во австриската провинција Салцбург.
Според командирот на спасувачката служба, Антон Шилчер, 17 лица се здобиле со полесни повреди во несреќата која се случила нешто по 7 часот.
Несреќата се случила во близина на Кендлбрук. Вагонот на регионалниот воз паднал околу 4 метри преку речниот насип и запрел во Мура, пренесува ОРФ.
Шилчер изјавил дека на пругата по бурата останале корења или нешто слично.
Повеќе од 50 патници биле деца и млади. Патувале кон Тамсвег, изјавил за агенцијата ДПА портпаролот на Црвениот крст.