Седмо финале за Ѓоковиќ на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, го совлада вечерва Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6, 7:5, 7:5 и по седми пат во кариерата обезбеди пласман во финалето на грен-слем турнирот во Вимблдон.

На актуелниот бранител на трофејот во Вимблдон му беа потребни два часа и 47 минути игра за да го совлада Шаповалов и да дојде до својата 20-та победа во исто толку натпревари на грен-слем турнирите во оваа година.

Противник на Ѓоковиќ во завршницата на грен-слем турнирот во Лондон ќе биде деветтиот тенисер на АТП листа Матео Беретини, кој претходно денеска со 3:1 во сетови го совлада Полјакот Хуберт Хуркач и стана првиот Италијанец во историјата, кој ќе настапи во машкото финале на Вимблдон.

Дуелот Ѓоковиќ – Беретини ќе се игра во недела со почеток од 15 часот.