
Американскиот претседател Џо Бајден во петокот „го притиснал“ рускиот претседател Владимир Путин да стори нешто во врска со хакерските групи кои наводно од Русија изведуваат напади со уценувачки софтвер, објави Белата куќа во петокот.
„Претседателот Бајден истакна дека Русија мора да преземе мерки против хакерските групи кои дејствуваат во Русија и истакна дека е решителен да дејствува против пошироката закана којаѓшто ја претставуваат нападите со уценувачкиот софтвр“, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу двајцата челници.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави на брифингот со новинарите дека Бакден му рекол на Путин дека, дури и доколку тие актерин не дејстуваат по налог на рускава влада „тој во секој случај ќе биде одговорен“.
Новинарите во петокот го потсетиле американскиот лидер дека пред неколку седмици ѝ се закани на Москва со последици по хакерските напади врз американската инфраструктура и го прашаа дали тоа ветување сѐ уште е на сила, на што Бајден потврдно одговори. Претходно во јуни Белата куќа соошти дека САД немаат намера да ја предупредуваат Русија за одмазднички кибернетички напади.
Кремљ засега не издаде официјално соопштение за телефонскиот разговор меѓу Путин и Бајден, а во првичните штури медиумски извештаи се наведува само дека „челниците го продолжија дијалогот за борба против компјутерскиот криминал и ја истакнаа потребата од конструктувна соработка во оваа сфера“.
Бајден истакнал дека кибернетичките напади ги вршат сајбер криминалци „базирани во Русија“, и смета дека Москва треба да преземе мерки за сузбивање на хакерските активности.
„Кажав дека САД очекуваат, кога ошерциите со комјутерско изнедување ќе дојдат од нејзината териоторија, тие не смее да бидат спонзорирани од државата… Соединетите држави ќе преземат секаква неопходна акција за заштита на својот народ и виталната инфраструктура“, рекол Бајден.
Хакерските групи сѐ почесто го користат ткн рансомвер, специјалниот вид штетен софтвер кој на корисникот му го овозможува пристапот до компјутерските податоци и бара откупнина за отстранување на ограничувањата.
Со него сајбер криминалците парализираа илјадници американски компании, меѓу кои и цевководот „Colonial Pipeline“ предизвикувајќи недостиг од горива, скок на цените и панично снабдување со гориво ширум Источниот брег на САД. Беше нападната и една од најголемите месни индустрии во светот JBS, кусо време предизвикувајќи нарушување во снабдувањето.
Американските функционери тврдат дека многу групи изведуваат напади од територијата на Русија и источна Европа, и ако не по налог тогаш барем со знаење на руската влада.