Претпладне сончево со мала облачност, попладне нестабилно со пороен дожд 

Времето во саботата претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Утринската температура се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура  се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Температурата во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник. Потоа следува период на стабилно време.