Партиите ги токмат кандидатите за градоначалници, и стари и нови имиња

На три месеца пред одржувањето на локалните избори, партиите преку интерни анкети, трибини низ градовите во обидот да се снимат расположението на граѓаните, веќе ги кројат листите за градоначалници и советници.

Како што откриваат извори од партиите, власта е понапред во изборот. Таму веќе селекцијата на партиски кандидати е при крај, а јавно беше објавен и првиот кандидат на СДСМ за градоначланик.

Телевизијата „Сител“ дојде до имињата на СДСМ и за неколку скопски општини.

На политичката сцена на локалните избори ќе се врати Емилијан Станковиќ, поранешен пратеник и портпарол на СДСМ. Тој влегува во трката за градоначалник на Центар и тоа заедно со актулениот Саша Богдановиќ и директорката на Инфективната клиника Милена Стефановиќ.

Во Аеродром битката за татко на општината ја водат актуелниот Златко Марин, а конкуренција му е и поранешниот пратеник Александар Филиповски.

Во Карпош конкурираат актуелниот Стефан Богоев и директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

За Прилеп најсериозни кандидати од СДСМ се Горан Сугаревски, кој ја напушти директорската функција во Царина и актуелниот градоначланик Илија Јовановски.

Во Битола засега се тројца потенцијални кандидати, актуелната градоначалничка Наташа Петровска, потоа диркторот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, и партискиот активист Христо Кондовски.

Кандидати за градоначаници во Крива Паланка се актуелниот градоначланик Борјанчо Мицевски и Сашко Митровски, секретар на општинската организаицја на СДСМ во овој град.

„Во посебна група СДСМ ги има ставено општините Струмица, Куманово, Карпош и Центар кои веројатно ќе бидат одлучувани во последната фаза, директно од лидерот Заев“, велат изворите.

Се брифираат и дел од имињата и кај ДУИ – во Гостивар Невзат Бејта, Во Тетово Теута Арифи. Најголемата битка кај интегративците е во Чаир- меѓу крилото на Изет Меџити и Артан Груби, а резибор бара и Висар Ганиу. Неизвесно е дали во Струга уште еден мандат ќе бара Мерко. Но, официјално од ДУИ велат нека конечни одлуки.

Иако нема конечна одлука БЕСА веројатно ќе оди со свои кандидати и тоа во Гостивар – пратеникот Фадил Зендели, во Тетово лидерот Касами, во Чаир – Кастриот Реџепи.

Во опозциската ВМРО-ДПМНЕ се уште без информации за имињата.

Кај Алијанса на Албанците пак, засега е извесно името на Арбен Таравари за нов мандат во Гостивар.