Аргентина со победата над Бразил првпат од 1993-та триумфираше на Копа Америка

Argentina's Angel Di Maria scores the opening goal against Brazil during the Copa America final soccer match at the Maracana stadium in Rio de Janeiro, Brazil, Saturday, July 10, 2021. (AP Photo/Andre Penner)

Фудбалската селекција на Аргентина беше подобра со 1:0 од репрезентацијата на Бразил во решавачкиот натпревар за тутулата на јужноамериканското првенство Копа Америка игран ноќта кон неделата на славниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Стрелецот на погодокот за триумф на „Гаучосите“ беше Анхел Ди Марија во 22 минута по одлилното проигрување на де Пол.

Селекциите на Аргентина и Бразил во рамките на шампионатите на Јужна Америка досега одиграле 34 натпревари. Аргентина има 16 победи, Бразил 10, а осум дуели завршиле без победник. Но ова беше првиот триумф на Аргентинците по шест меча, во сите пет претходно славеа Бразилците, а последната победа на Аргентина беше во 1993 годинал, кога воедни и последен пат пред овој станаа прваци на Јужна Америка

Со оваа победа Аргентина по 15-ти пат ја освои тутулата на Копа Америка, израмнувајќи се со досегашниот рекордер во ова натпреварување селекцијата на Уругвај.