Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Во саботата во 19,20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од булеаерот „Кочо Рацин“ и улицата „11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода во која е сериозно повредена возрасна жена.

Во сообраќајниот инцидент биле вклучени комбе „рено трафик“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот К.К. од Скопје и автомобил „фолсваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е. на 54 години од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолсваген голф“ 53-годишната В.Е. од Скопје констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.