Скопјанец тешко повреден по пад од велосипед, а штипјанец откако излетал со мопед

Млад жител на Скопје во саботата попладнето се здобил со сериозни повреди, откако од засега неутврдени причини паднал на коловозот управувајќи велосипед, додека вчера утрото штипјанец е тешко повреен откако со својот мопед излетал од коловозот, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, вчера во 16,50 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Знеполе“ 26-годишниот А.Р. од Скопје управувајќи велосипед паднал на коловоз.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Претходно во 4,45 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Гоце Делчев“ мопед “кивеј-50“ со штипски регистарски ознаки управуван од 43-годишниот Т.Џ.од Штип излетал од коловозот.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.