Маск купи билет за лет во Вселената со леталото на Бренсон

Основачот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, купил билет за патување во Вселената во леталото на својот ривал британскиот милијардер Ричард Бренсон, тврди британскиот весник The Sunday Times.

Бренсон во неделата се подготвуваше за првиот лет на неговата компанија Virgin Galactic“ со потполн екипаж до работ на Вселената од Ново Мексико, The Sunday Times пишува дека Маск, кој е сопственик на ривалската истражувачка компанија „SpaceX“, обезбедил место на едно од патувањата со компанијата на Британецот.

Маск платил 10.000 долари депозит за да обебзеди мести, но датумот на патувањето не е наведено. Бренсон ја потврдил оваа информација во интервју за The Sunday Times, додавајќи дека би можел да возврати со купување на билет за патувањето на „SpaceX“.

„Илон е пијател и можеби еден ден ќе отпатувам со еден од неговите вселенски бродови“, рекол Бренсон.

Во рамките на вселенската трка на милијардерите, „SpaceX“ лансираше десетици ракети, вклучително и летови со човечки екипаж, но самиот Маск сѐ уште не лекал ниеднаш. Компанијата есенва би требало да го организира својот целосно комерцијален приватeн лет во Вселената.

Бренсон ќе стане првиот сопствени астронаут кој ќе учествува во мисијата, со што победи во трката со основачот на „Amazon“, Џеф Безос,. Кој за девет дена ќе патува со ракетата на неговата компанија „ Blue Origin“.

Туристите ќе плаќаат околу 250.000 долари за летање во Вселената со леталото „Unity“ на „ Virgin Galactic“, кое вклучува четири минути во бестежинска состојба.