ВИДЕО| Леталото „Virgin Galactic“ со милијардерот Бренсон успешно го заврши полетот во Вселената

Вселенското летало „Unity-22“ кое беше развивано 17 години на компанијата за комерцијални космички летови „Virgin Galactic“ во недалата го изврши суборбитланиот пребен тест со целосен екипаж, откако полета од космодромот во сојузната држава Њу Мексико, достигнувајќи ја Кармановата линија кој се смета за работ на Вселената и успешно се врати на Земјата, објавија американските медиуми.

Со своите речиси 71 години, Бренсон стана само вториот седумдесетгодишник кој патувал во Вселената, по Џон Глен кој на 77-годишна возраст во 1998 година леташе со шатл.

Воздухопловот „Unity-22“ беше лансиран од „стомакот“ на поголем авион и потоа ги вклучи своите мотори кои го понесоа во височините. Сѐ уште се очекува официјалната потврда на достигнатата височина, но се чини дека станува збор за 85 километри.

Авионот „Eve“, наречен во чест на мајката на милијардерот Ивет Бренсон, полета од пистата во 10,40 часот наутро по времето на американскиот источно крајбрежје (или 17,40 часот по Гринич). Космичкото летало се откачи во 11,25 часот по локално време, или 17,25 часот по македонско време) на надомораска височина од околу 15 километри. Веднаш потоа „Unity-22“ го вклучил млазниот мотор за да се достигне планираната височина од 100 километри. Вселенското летало за повеќекратни туристички летови стасало до Кармановата линија којашто се смета за граница меѓу атмосферара на Земјата и Вселената, а подоцна се вратило на космодромот.

Екипажот на историскиот лет го сочинуваа британскиот милијардер и претседател на компанијата „Virgin Group“, Ричард Бренсон, и петмина членови на компанијата „Virgin Galactic“ – тест пилотите Дејв Мекај и Мајкл Мазучи, одговорната за истражувања Сириша Колин Бенет, главниот инженер Колин Бенет и шефот на програмата за подготовка на астронаутите Бет Мозес.

Летот на „Virgin Galactic“ е изведен девет дена пред летот еден од главните конкуренти во оваа сфера на компанијата „Blue Origin“ на основачот на „Amazon“ американскиот милијардер Џеф Безос. На 7-ми јуни Безос објави дека во Вселената ќе полета на 20-ти јули со вселенскиот брод „New Shepard“ (Нов пастир). Екипажот на овој лет ќе го сочинуваат и неговиот брат Марк Безос, засега неименувана личноста која на наддавање своето место го плати за 28 милиони долари и 82-годишната Американка Воли Фанк, која во 1960-те години била најмладиот дипломец во вселенсата праграма на САД за жени.