Трета доза на вакцина против коронавирусoт веројатно ќе биде воведена во Србија

Трета доза на вакцината против коронавирусoт најверојатно ќе биде воведена во Србија, а препораките до граѓаните ќе бидат објавени до 1-ви август, објави дневниот весник Политика во своето издание од вторникот.

Според весникот, Националното тело за имунизација има постигнато принципиелен договор за аплицирање на уште една доза на вакцина за вакцинирани граѓани, оние кои се со слаб имунитет поради други болести, пред се лица со автоимуни заболувања, оние кои се на терапија со која се потиснува имунитетен одговор и пациенти со трансплантирани органи.

Дополнителна доза на вакцина ќе се препорача за оние над 80 години кои имаат некое заболување  како и за помладите граѓани кои имаат кардиоваскуларни заболувања и немаат антител