
Актуелниот предводник на Баерн (М), Пеп Гвардиола, откри дека сигурно ќе добие отказ на крајот од новата сезона доколку баварскиот гигант не ја одбрани шампионската титула во домашниот шампионат и повторно не го освои победничкиот пехар во Купот на Германија/
“Тука нема никаква тајна. Ако не ја одбраниме шампионската титула во домашниот шампионат и ако не славиме во Купот на Германија, Баерн (М) сигурно ќе има нов тренер во следната сезона. Јас сум тука за да дадам се од себе, за да ја исполнам зацртаната задача. Исто како и во времето кога бев тренер на Барселона. Дојдов во друга држава, каде има сосема поинаков стил на игра. Постојано се адаптирам на новата средина, на новиот стил на игра, постојано ги адаптирам моите идеи. Сепак овој процес не може да заврши за само една сезона. Имавме фантастична сезона, ја освоивме дуплната круна. Жал ми е само за срамната елиминација од Реал (М) во Лигата на шампиони. Жал ми е што не ја искористивме и таа шанса”, изјави Гвардиола.